Лепа Брена во јуни ќе го наполни спортски храм „Филип Втори"
Најголемата балканска пејачка, ѕвездата на поранешна Југославија, единствената Лепа Брена, во јуни ќе го полни македонскиот спортски храм, арената Филип Втори.
„Пази коме завидиш“, „Уџи слободно“, „Бриши ме“, „Не бих ја била ја“, „Бибер“, „Југословенка“, „Пожели сречу другима“, „Голубе“...се само еден многу мал дел од она што ќе биде репертоар на тој концерт во Скопје. Предвиден е да трае повеќе од 4 часа. Освен најголемите хитови на ѕвездата за која своевремено пишуваа сите светски медиуми а за која се снимаа и филмови, на сцената на Филип Втори ќе ги угости и своите најголеми пријатели и соработници.
Организаторот на концертот Балкан Медија, најавува спектакуларна сцена, осветлување и озвучување какви што нејзината продукција и менаџмент обезбедија за концертите во белградска арена. Техника со која неколкучасовното музичко уживање ќе добие една сосема поинаква и музичка и визуелна димензија.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда 15 април, на стандардните продажни места: Розе – Веро 2, Југотон, Пола Југотон, локалните кафулиња и плоштади низ државата и продажната мрежа на купикарти за се.
Датумот на концертот и цената на влезниците...наскоро!!!
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа