ВИДЕО: Вака гинат пешаците во Скопје

 

 

Во Скопје има многу некултурни возачи, но мора да се признае дека и пешаците не заостануваат многу зад нив. Иако за оние кои поминуваат на црвено светло и возат со брзини далеку над дозволените нема никакво оправдување, сепак, мора да се биде критичен и кон пешаците, кои улицата ја поминуваат секаде каде што ќе им текне. 
Ова видео поставено на Ѕидот на сообраќајниот срам на Facebook е само еден од низата докази со кои возачите секојдневно се среќаваат на улица. Иако на местото има поставено бетонска жардињера пешакот нема проблем да помине преку неа и на два пати да направи прекршок преминувајќи ја улицата на необележано место. ДА не заборавиме, дека од ова место, до првиот пешачки премин има помалку од 30 метри

Kako pobrzo da stignete do sakanata destinacija ako ste pesak?-Lekcija broj 1

Posted by Igor Mitrovski on Sunday, April 5, 2015

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега