Велосипедските патеки во Скопје ќе се симнат и на улица
Велосипедските патеки во Скопје повеќе да не бидат дел од тротоарите, каде што се движат и стојат пешаците. Наместо тоа, таткото на Град Скопје, Коце Трајановски, предлага да се издвои лента за оваа категорија учесници со сообраќајот на самата улица.
- За ова има доста искуства од градот Kопенхаген, за што планираме да испратиме делегација, со цел да се согледа каде да се постават велосипедските патеки. Kај нас сега имаме посебни патеки, одвоени со рабници и тие ја намалуваат погодноста при движењето со велосипед. Во повеќе европски градови велопатеките се спуштени на самите сообраќајници. Ние за ова преговараме со МВР, во смисла да се направат измени во законот, изјави скопскиот градоначалник на седницата на Советот на Скопје за советнички прашања.
Тој напомена и дека Виена оваа година ја прогласи за година на пешачењето.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа