Викендов ќе се „поремети" сообраќајот во Скопје

 

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, ги известува сите учесници во сообраќајот дека во сабота од 8 часот наутро, ќе почне изведување на градежни работи за реконструкција на рабници и изградба на рампи на пешачки премини на дел од булевар Кузман Јосифовски Питу во Аеродром, и тоа на дел од трасата што се протега под новата железничка станица-Скопје.

 На овој потег, се до завршување на градежните работи ќе биде воведен изменет режим на сообраќај, па ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни кога возат, да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот и да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. 

 

 

 

 

Оцени ја веста

20.03.2015 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега