Внимавајте каде паркирате - пајакот здипли повеќе од 100 возила
Во текот на изминатите три дена сообраќајната полиција во Скопје откри и санкционирани 28 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 27 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 23 возачи го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, 12 возачи кои поминале на црвено светло на семафорот и 16 возачи коишто не го користеле сигурносниот појас. Исто така, санкционирани се и повеќе пешаци, возачи на мопеди, како и возачи почетници за сторени прекршоци по различни основи.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена сообраќајната полиција отстрани 104 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа