Одбележан Светскиот ден на правата на потрошувачите

 

Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје во соработка со Организацијата на потрошувачите на Македонија - ОПМ, по повод 15 март - Светскиот ден на правата на потрошувачите, организираа отворени денови со потрошувачите во Веро Центар, со цел да ги запознаат со нивните  права.

На дел од приземјето на Веро Центар беа сместени два пулта од каде присутните можеа да подигнат брошури и едукативни летоци, како и да се информораат за правата на потрошувачите.

На настанот присуствуваа претседателот на Совет за заштита на потрошувачите на Град Скопје, Марјан Додовски, претседателот на Организација на потрошувачите на Македонија, Марјана Лончар-Велкова, членовите на Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје во кој членуваат претставници од ОПМ, јавните претпријатија, НВО, Сојуз на стопански комори на Македонија, Здружение на граѓани МАТА и претставници од Советот на Град Скопје. 

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега