Проверете дали утре ќе останете без вода

 

Корисниците од улицата „Бел Камен“ во општина Центар утре од 9 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е отстранување на уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улица „Бел Камен“ број 4, а потрошувачите ќе бидат без вода за пиење се до завршувањето на интервенцијата од страна на екипите на ЈП „Водовод и канализација“.

Утре од 9:30 часот до завршување на работите без вода за пиење ќе бидат и корисниците од улицата „Костурски Херои“ во општина Центар. Причина за прекинот во водоснабдувањето е изведување водоводен приклучок со пречник од 150 милиметри на улицата „Костурски Херои“ бр. 58

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега