Општина Центар ги исчисти гаражите кај полициската станица Беко

 

Педесеттина лица вработени во општина Центар од утринава започнаа со чистење на трите гаражи во делот кај Полициската станица Беко.

Овие гаражи, како што соопштија денеска од општината, со години беа проблем на станарите, а за што на синоќешната средба му се пожалиле на градоначалникот Андреј Жерновски.

Се вади целиот смет од гаражниот простор и се носи на соодветно место за складирање.

Општина Центар информира дека комплетно ја менува електричната инсталација во гаражите, бидејќи на некои места таа е целосно откорната, а се поставуваат и нови светилки.

 

 

Оцени ја веста

28.02.2015 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега