Ново катче за најмалите: Две нови детски игралишта во Гази Баба
Во населбата Ченто во паркот „Борис Трајковски“ и во населбата Триангла општината Гази Баба направи нови детски игралишта со реквизити – клацкалки и лулашки.
До игралиштата, како што соопштуваат од Општината, направени се патеки од павер елементи и поставена е урбана опрема – клупи и канти за отпадоци, а околу игралиштето во населбата Триангла поставена е и ограда.
Средствата за изградба на детските игралишта се од Буџетот на општината, а работите ги изведуваа фирмите ф-ка Карпош и МЗТ ИРИ.
Оцени ја веста
26.02.2015 - 16:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа