Четири сообраќајки во Скопје - што се случувало?

 

На подрачјето на Град Скопје во изминатите 24 часа се случиле четири сообраќајќи. Во две од нив со полесни повреди се здобиле еден велосипедист и еден патник во автобус, а две се со материјална штета.

Сакционирани се четворица возачи кои не ги почитувале сообраќајните знаци на крстосниците, а двајца возачи не им дале предност на пешаците на пешачки премин. Пет возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, а девет возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон додека возеле.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден отстранети се 68 возила.

Поради посетата на претседателката на српскиот Парламент Маја Гојковиќ ќе биде воведен посебен режим на сообраќај додека се движи колоната со возила. 

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај денеска ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани кои сториле прекршоци во својство на пешаци.

Едукативна работилница со ученици од второ одделение ќе се одржи во основното училиште „Петар Здравковски Пенко“ кое се наоѓа на територијата на општина Бутел.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега