Штипјани од денеска можат да ја корисат водата за пиење
Граѓаните на Штип од денеска можат да ја користат водата за пиење од водвоодниот систем. Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев вели дека водата е безбедна согласно правилникот за води, а анализите кои се направени од Центарот за јавно здравје покажуваат дека таа е хемиски и бактериолошки исправна.
- Во текот на изминатите денови постојано бевме во координација со државниот Кризен штаб, при што добиваме и насоки, а со градоначалникот, Илчо Захариев успеавме по пат на донации да обезбедиме 40 тони вода за граѓаните во сите населби. Исто така, сите населени места ги снабдуваме и со вода преку цистерни, вели Бојаџиев.
Тој додава дека веќе се санирани и штетите од поплавите. Колекторот кој беше во дефект веќе е саниран, а екипа на „Исар“ денеска работи и на санирање на пумпите во штипското село Лакавица и покрај тоа што овој систем не е под надлежност на комуналното претпријатие.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа