Кисела Вода ќе им донира 500.000 денари на погодените од поплавите
Координативното тело на Советот на општина Кисела Вода на последната координативна седница едногласно ја поддржа иницијативата на градоначалникот Билјана Беличанец- Алексиќ за доделување на еднократна парична помош за жителите кои се наоѓаат во поплавените подрачја на Македонија.
Иницијативата за донирање на 500.000 денари, ја поддржаа сите советнички групи од Советот на општина Кисела Вода.
Одлуката ќе биде донесена на претстојната седница на Советот закажана за 18.02.2015, по која средствата ќе бидат уплатени на сметката на Црвениот Крст, специјално отворена за оваа намена.
Rate the news
Editorship of Press24 not bear any responsibility for comments. Because generated through Facebook to them the rules and conditions of social network