Отворена средба на полицијата и граѓаните во Ѓорче
Во рамки на проектот „Центар за превенција – Полицијата и граѓаните заедно“ во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ секој прв и трет вторник во месецот ќе функционира Центар за превенција.
Целта на проектот, како што соопшти општинската прес-служба, е зголемена информираност, подобрување на безбедносната состојба на територијата на општина Ѓорче Петров. Тоа, како што е наведнео, ќе придонесе за поголема сигурност и доверба на граѓаните кон полицијата.
Општина Ѓорче Петров ги повикува граѓаните активно да присуствуваат на средбите, на кои ќе дадат придонес за зајакнување на довербата меѓу полицијата и граѓаните и решавање на проблемите, кои ги засегаат и двете страни.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа