ФОТО: Мало невнимание може да направи хорор - Апел до жителите на Ѓорче
Многу чести се сликите како горат контејнери во општината Ѓорче Петров. Несовесни граѓани фрлаат пепел во пластичните контејнери и истите пламнуваат за миг.
Од општината велат дека граѓаните често се жалат на вакви настани, но никако да соберат храброст и да ги пријават сторителите иако точно знаат кој го направил тоа. Но, по кратко време се поднесуваат до општинските служби барања за поставување на нови контејнери, а изгорениот бил сосема нов.
-Кога општинските инспектори ќе излезат на терен за да направат записник тогаш никој од граѓаните не сака да даде изјава кој го направил тоа. Дури дрско се напаѓаат службемните лица дека не се ажурни!? Неверојатно! Како да треба инспекторите да дежураат покрај контејнерите, се вели во сопштението
Од општината апелираат до граѓаните без размислување да се пријавуваат сторителите затоа што контејнерите за смет ни требаат на сите. Ако не се казнат сторителите и не им се „ удри“ по џебот ништо од ефикасното справување со ваквите вандалски однесувања.
Дали оној што ги фрла жар во контејнерите размислува дека пламенот може да зафати некои возила кои се паркирани во непосредна близина на контејнерите. Што би било кога по некоја случајност сосе контејнерот би изгорело и возилото на сторителот?
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа