Реконструкција на 14 нови улици во Ѓорче Петров

 

Реконструкција на 14 нови улици во Ѓорче Петров најави денеска градоначалникот на општината Сокол Митровски.

Oваа година ќе се реконструираат улиците  „Австралиска“’ во должина од 245 и широчина од 5,5 метри и „Антон Чехов“ во должина од 214 и широчина од 5,5 метри,  „Антон Кецкаров“ во должина од 210 и широчина од 5,5 метри, „Јадранска“ во должина од 100 и широчина од 6  метри, „Исаја Маџовски“ должина 210  и широчина од 6 метри, „Браќа Галеви“ должина 100 и широчина 6 метри, на улицата „Алекса Демниевски“ краците 3, 4 и 5 со вкупна должина од 463 и ширчина од 6 метри, „Злате Михајловски“ со должина од 392 и широчина од 6 метри, „Црногорска 2“ во должина од 187 и широчина од 6 метри, „Ибе Паликуќа“ со должина од 350 и широчина од 5,5 метри, и „Крсто Раковски“ со должина од 151 и широчина од 6 метри.

- За реализирање на овој проект обезбедени се средства, кредит, од Светска банка од 79.927.000, денари со грејс период од 3 години, каматна стапка од 0,2 проценти и рок на враќање од 10 години, се наведува во соопштението на Митровски.

Од општината најавија и нови проекти како што се проширување на капацитетите на градинката „Росица“ односно клонот„ Детелинка“ кој ќе го прошири капацитетот за уште 80 дечиња. Работите ќе започнат во јуни а ќе завршат во септември а проект ќе чини 4.390.000 денари.

За тековнава година од општината предвидуваат доизградба на фекална канализација во населеното место Кисела Јабука и тоа краците 119, 550, 551 и 552 во должина од 1,853 метри. Ќе се изведе фекална мрежа и на краците 1, 6, 7, 10, 11, 123, 126, 127 и 128 во Волково за што се предвидени 11.665.000 денари, а работите ќе започнат во јуни годинава. На веќе изградените 270 метри од патот Стопански Двор кон селото Свиларе ќе продолжат работите за доизградба на останатио дел од патот во должина од 1.020 метри со вредност од 4.860.000,00 денари.

 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа