Пристигнува помош од сите страни - Аеродром ќе донира милион денари за поплавените
Општина Аеродром соопшти дека донела одлука за доделување финансиска помош за санирање на последиците од елементарните непогоди и поплавите што зафатија поголем број подрачја во Македонија.
- Со цел да излезе во пресрет на настраданото население, Општина Аеродром од својот буџет ќе издвои финансиска помош во висина од 1.000.000 денари, кои ќе се спроведат со посредство на Црвениот крст на Република Македонија, се вели во соопштението.
Општината истакнува дека одлуката ќе се примени по добиеното позитивно мислење од Министерството за правда.
Оцени ја веста
07.02.2015 - 14:42
Фото:
новамакедонија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа