Љубовен тунел во Скопје Сити Мол - вредни награди за Денот на вљубените

 

Веројатно најинтересната љубовна форма во градот, од вчера може да се најде во Скопје Сити Мол, како дел од кампањата „Љубов е...”. Посетителите на молот имаат едноставна задача – да ја продолжат реченицата „Љубов е...” и својата креаитвна љубовна порака да ја остават во Љубовниот тунел, сместен на приземје. Првите пораки ги оставија Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, Европскиот шампион во ридски трки Игор Стефановски – Иџе, спортскиот новинар Бранко Чупевски, како и водителите Димитар Атанасовски и Милена Антовска.

 

Во следните 8 дена, посетителите ќе можат да оставаат љубовни пораки, по што истите ќе бидат фотографирани и поставувани на официјалната фан страна на Скопје Сити Мол на Фејсбук. Оние со најмногу лајкови, ќе влезат во конкуренција за вредни награди, а финалниот избор на трите најдобри ќе биде направен од јавни личности кои сеуште не би  ги откриле. Очекуваме многу љубовни пораки, а Вие очекувајте вредни награди. Дополнително, љубовната атмосфера ќе ја збогати светската премиера на „50 нијанси на сиво,” која ќе се оддржи во Скопје, два дена пред светската премиера.”, велат од Скопје Сити Мол.

 

Она што посетителите треба да го направат, е да приложат сметка од 300 денари по што ќе добијат можност да ја остават својата љубовна порака. Во финалниот избор ќе влезат по пет пораки кои на крајот на секој ден ќе имаат најмногу гласови на фан страната на Скопје Сити Мол. Овие гласови, ќе се соединат со гласовите на стручното жири при донесувањето на одлуката за победничката, второпласираната и третопласиранатапорака. Наградите за истите се:

-      

1 место: Бисерни алки од Фамилија Ристевски, парфеми Jean Paul Dupontи Karl Lagerfeld.

-      

2 место: Парфеми Jean Paul Dupontи Karl Lagerfeld.

-      

3 место: Медикус перници.

-      

4 место: карти за двајца за проекција во Cineplexx.

-      

5 место: карти за двајца за проекција во Cineplexx.

 Прогласувањето ќе биде на Денот на вљубените, а концептот за истото, ќе биде објавен во деновите кои следат. Од Скопје Сити Мол најавуваат дека истиот ќе биде „исполнет и инспириран од љубовта”, што е доволен предизвик за сите граѓани, да ја споделат својата љубов во најљубовниот месец во годината.

Истата ќе биде отворена до Денот на вљубените, кога ќе бидат избрани најромантичните пораки, со помош на гласање преку социјалните мрежи. 

 

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа