„Браќа Миладиновци“ опремено со помагала за учениците со посебни потреби
Претставници на инклузивниот тим од ООУ „Браќа Миладиновци“, во средата присуствуваа на презентација за примена на асистивна технологија за учениците со посебни образовни потреби.
Во рамки на меѓуопштинската соработка меѓу двете училишта, инклузивниот тим на ООУ „Јан Амос Коменски“ му додели комплет од асистивни уреди за користење на ООУ „Браќа Миладиновци“, кои ќе им помогнат на учениците со посебни потреби за поуспешно и побрзо совладување на наставните содржини.
Оцени ја веста
06.02.2015 - 10:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа