Голема акција во Карпош - да им помогнеме на поплавените

 

Општина Карпош, почнува со голема хуманитарна акција за помош на граѓаните во поплавените подрачја во источните делови на Македонија.

Акцијата се состои во прибирање на донации во вода, средства за хигиена, трајни конзервирани производи, влажни марамчиња, тоалетна хартија, пелени  и слично. Производите, граѓаните на Карпош, може да ги достават во специјални хуманитарни пунктови  кои ќе бидат отворени во 14 урбани заедници на територијата на општината, како и во сите основни училишта и детски градинки кои работат на територијата на локалната самоуправа.

Оваа хумана акција ќе трае секој работен ден,  а дежурни пунктови ( сабота и недела) ќе има во 14-те урбани заедници од 10 до 14 часот.

 

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа