Се пролеа крв на скопските улици: Тројца потешко повредени

 

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди од кои шест се со последица материјална штета и три се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле еден сопатник, еден пешак и еден патник во автобус

Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се шест возачи кои поминале на црвено светло на семафор, четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Дваесет и осум возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 13 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, како и 16 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 69 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега