ФОТО: Отворена првата детска градинка во Припор
Првата детска градинка денеска беше свечено пуштена во употреба во населба Припор, општина Кисела Вода.
Стaнува збор за градинката „Стапалче“ во рамки на Детската градинка „8 март“. Градинката е со капацитет за 75 дечиња и располага со две занимални, една повеќенаменска просторија и јасли наменета за најмалите дечиња.
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ денеска го пуштија објeктот во употреба.
Оцени ја веста
17.01.2015 - 13:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа