Шестмина повредени на скопските улици - што се случило?

 

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди од кои шест се со последица материјална штета и две се со последица тешка телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и тројца сопатници.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се шест возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, девет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, 29 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, како и 10 пешаци кои поминале вон пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 73 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Во сабота, 17 јануари, со почеток во 21 часот во СЦ „Јане Сандански“ во рамките на АБА лигата ќе се одигра меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу МЗТ Аеродром и Крка, Република Словенија, а во понеделник, на 19 јануари, по повод верскиот празник Водици традиционално на повеќе места на територијата на Градот Скопје ќе се одржи манифестацијата фрлање на светиот крст во реката Вардар. Централната манифестација ќе се одржи на мостот на реката Вардар, кај х. „Холидеј ин“ со почеток во 12 часот каде што сообраќајот по ул. „Филип Втори“ ќе биде пренасочен по околните сообраќајници на потегот со крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“. Во истото време ќе се одржи уште една манифестација на железничкиот мост на реката Вардар во населба Хром каде сообраќајот по ул. „Васил Чакаларов“ ќе биде пренасочен по околните сообраќајници на потегот од крстосницата со ул. „Московска“ до крстосницата со ул. „Иван Цанкар“. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега