Универзална станува Конгресен центар „Александар Македонски“

 

Јавната установа Центар за организирање приредби Универзална сала Скопје, согласно одлуката на Управниот одбор го промени својот назив во “Јавна установа Конгресен центар Александар Македонски”.

- Со промената на називот се најавува изградбата на новиот објект, кој според проектната задача, ќе биде мултимедијален центар и ќе има повеќе составни дела. Еден од нив е голема концертна сала со капацитет од 2.500 седишта која е именувана во Универзална сала Тоше Проески и две помали мултинаменски сали со капацитет од 200 и 300 седишта кои се именувани во Сала Мајка Тереза и Сала ВМРО, се наведува во соопштението од Универзалната сала Скопје.

Новиот објект ќе има и четири конгресни сали кои се именувани како Гоце Делчев, Тодор Александров, Методија Андонов Ченто, Борис Сарафов и шест билатерални сали кои се именувани како Панко Брашнаров, Кочо Рацин, Глигор Прличев, Димитрие Чуповски, Крсте Петков Мисирков и Браќа Миладиновци.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега