Поликлиниката Драчево со нов невролошки кабинет
Во поликлиниката Драчево првпат е отворен невролошки кабинит кој ќе биде во функција за околу 80.000 жители од населбата и околните села.
Кабинетот започна со работа во понеделникот и веднаш се закажани термини за прегледи на пациенти во системот Мој термин.
- Ова е шести по ред специјалистички кабинет што го отвораме во поликлиниката во Драчево. Дел од кабинетите се отворени како резултат на проектот на Министерството за преземање на доктори од приватното во јавното здравство, истакна минстерот за здравство Никола Тодоров при денешната посета на поликлиниката.
Министерот потсети дека досега во поликлиниката се отворени кабинет по интерна медицина, лабораторија, ренген, ОРЛ и психијатрија.
Директорката на Здравствен дом Скопје Татјана Баевска-Вучковиќ информираше дека дејностите што се оворени во последните две години на поликлиниката во Драчево се резултат на анализите од честите упатни дијагнози на граѓаните од матичните доктори како и од постепената ургентност.
- Со интерниот кабинет кога започнавме во 2012 година во една смена, а во 2013 во две семени, според националниот систем Мој термин дневно имаме по минимум 50 прегледи во двете смени. Во биохемиската лабораторија, која е тесно поврзана со работата на интернистичкиот кабинет и другите специјалистички дејности, во 2012 година имавме 10.000 пациенти кои се обратиле за услуга, а 2014 година ја завршивме со 18.500 пациенти кои се обратиле за лабораториска услуга која што е значајна за поставувањето на дијагнозата и третманот, рече Баевска-Вучковиќ.
Со комплетирањето на специјалистичките служби додаде дека е реализирана комплетна обработка на пациентите според местото на живеење и соодветно за следење на состојбата за натамошен третман.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа