Стартува со работа дежурниот педијатриски пункт во поликлиниката Јане Сандански
Дежурниот педијатриски пункт во поликлиниката Јане Сандански во Скопје, од денеска почнува да работи. Во него се ангажирани педијатри од Клиниката за детски болести, Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, Здравствен дом Скопје, како и педијатри кои имаат договор со ФЗОМ како приватни здравствени установи.
Пунктот ќе работи секој ден (од понеделник до сабота) од 19:30 до 23 часот, а во недела од 8 до 23 часот.
Овој дежурен педијатриски пункт е надополнување на дежурните служби во рамки на Клиниката за детски болести и Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле во Скопје. Во него ќе се вршат амбулантски прегледи на деца кои досега како итни случаи се третирале на универзитетската клиника.
Во функција на педијатрискиот пункт има и дежурна лабораторија, која е особено значајна за воспоставување брза диференцијална дијагностика во педијатријата. На овој начин, ќе се утврди дали има потреба детето да се упатува на повисоко ниво на здравствена заштита, или пак конкретната здравствена услуга може да ја обезбеди педијатарот во пунктот. За преглед во педијатрискиот пункт не е потребен упат, а секое дете ќе добие брза и квалитетна здравствена услуга од високостручен кадар во оваа област-лекар специјалист по педијатрија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа