Трајановски ќе ги врачи наградите за најдобрите трговски објекти

 

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, денеска ќе им ги врачи признанијата во форма на плакета на најдобрите трговски објекти во седум категории, избрани на манифестација „Месец на трговијата“.

Град Скопје го реализира проектот Месец на трговијата, во соработка со Агенцијата SWAT Research. 

Целта на проектот, кој што се реализира по осми пат е да се подобри услугата и понудата на трговските објекти  во Градот Скопје.

На свеченоста во Советот на град Скопје,  врз основа на резултатите од истражувањето, ќе бидат прогласени најдобрите три трговски објекти во секоја од седумте категории. 

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега