Градот Скопје објави конкурс за 9 директорски позиции

 

Градот Скопје објави јавен конкурс за избор на директори на девет градски институции и јавни претпријатија.

Директори се бараат за СУГС „Лазар Танев“, за Младинскиот културен центар, за Библиотеката „Браќа Миладиновци“, за Домот на културата „Кочо Рацин“, за Детскиот културен центар „Карпош“, за Музејот на Град Скопје, за ЈП „Улици и патишта“, за Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и за ЈП „Водовод и канализација“.

Се повикуваат сите заинтересирани кандидати кои поседуваат соодветно образование, менаџерски вештини, способност за тимска работа и способност за решавање конфликти, како и предлог-програма за работа на институцијата, односно јавното претпријатие што е предмет на овој повик, да се пријават на овој конкурс, велат од Град Скопје.

Јавните конкурси се објавени во дневните весници. За повеќе информации, сите заинтересирани на овој конкурс може да се обратат во Градот Скопје, во Одделението за човечки ресурси и на телефонскиот број 02/3297 293.

 

 

Оцени ја веста

17.12.2014 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега