ВНИМАВАЈТЕ: Ограбени и искршени над 20 автомобили во Центар
Над 20 автомобили изминатиот месец, во период од две недели, се искршени и ограбени во Центар, во близина на Министерството за внатрешни работи.
Како што дознава Курир, автомобилите биле ограбени во гаражните простории на зградите на улиците „50-Дивизија“ и „Јордан Мијалков“. Непознатите крадци влегувале во гаражите, ги кршеле прозорците на автомобилите, по што влегувале во нив и пребарувале.
Според информациите до кои дојде Курир од дел од сопствениците на автомобилите, украдени биле пари, ЦД-иња и ситни предмети. Во дел од автомобилите било само претурано, без било какво одземање на предмети, но штета сепак имало бидејќи и овие сопственици останале без најмалку еден прозор на своите автомобили.
Неофицијално Курир дознава дека крадците се две малолетни лица кои кражбите најчесто ги извршувале во вечерните часови. Потврда за оваа информација од полицијата нема. Оттаму за Курир изјавија дека имаат осомничени лица по пријава за оштетени и ограбени повеќе автомобили, а по истата се постапува и се работи на целосно расчистување на случајот, по што против сторителите ќе бидат поднесени кривични пријави.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа