Општина Карпош донираше компјутерска опрема на социјално ранливи семејства
Општина Карпош денеска додели компјутерска опрема во рамки на проектот „Компјутери за социјално ранливи групи“, поддржан од Министерството за информатичко општество и администрација.
- Опремата се состои од шест куќишта, шест принтери и пет монитори, со што општина Карпош ја потврдува грижата за социјално загрозените семејства и на оние на кои едуцирањето им е од голема важност, соопштуваат од Општина Карпош.
Компјутерката опрема, која е подигната од просториите на општината, ќе се репарира, исчисти и подготви за употреба.
Оваа активност е во организација на ИКТ комората при Сојузот на стопански комори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа