Изградба на втора фаза од патот Волково- Орман

 

Започна изградбата на втората фаза од патот Волково, село Орман во општина Ѓорче Петров. Ќе се изведуваат градежни работи од училиштето „Јоаким Крчовски“ кон село Орман. Патот ќе биде широк седум метри асфалтен коловоз и банкини од двете страни со широчина од еден метар.

Со почетокот на работите на овој дел од патот истовремено ќе се работи и на поврзување на ООУ „Јоаким Крчовски“ на канализациската мрежа. Доцнењето со изведбата на оваа делница е заради решавање на имотноправните работи со сопствениците на мал дел на земјиштето каде што треба да помине патот.

Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Агенцијата за рурален развој и општинскиот буџет.

02.10.2014 - 15:18

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега