ФФМ со нова казна за Вардар
Александар Васоски е казнет еден месец поради влетување на терен за време на натпреварот Ф.К. Тетекс - Ф.К. Вардар од 4-то коло на ПМФЛ.
Со оваа одлука, асистент тренерот на Сергеј Андреев, Александар Васоски до 25-ти септември, нема да биде во можност да извршува било каква функција поврзана со фудбалскиот спорт.
За оваа одлука на дисциплинската комисја на ФФМ, Ф.К. Вардар нема да поднесе жалба и помошникот тренер ќе ја одработи оваа суспензија.
09.09.2014 - 10:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа