На клиниката за пластична хирургија во Скопје пресадуваат прсти од нозе на рацете

 

Проф. д-р Смиља Туџарова - Ѓоргова, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија вели дека кај нив една до три операции дневно им се хирургија на шака, односно операции на дланките и на стапалата, настанати од повреди, како што се нагмечувања, исеченици, изгореници, пишува Вест.

"На најголем дел од пациентите што во текот на годината доаѓаат со повреди, задолжително им се прави реконструкција. Во случаи кога има отсечен прст, повторно им го сошиваме. Но кога прстите ги нема или буквално се разнесени, како што неодамна беше случајот со навивачот кому му пукна шок-бомба во раката и кому му недостигаат вториот и третиот прст, тогаш од самиот пациент се земаат прсти од ногата и му ги трансплантираме на раката. Најчесто се зема вториот прст од стапалото и се пресадува на раката", вели проф. д-р Туџарова - Ѓоргова.

Дали на комитата чија дланка настрада пред три недели откако на стадион му пукна бомба, пластичните хирурзи ќе можат да му пресадат прст, ќе треба време за да се донесе одлуката, бидејќи, како што објаснуваат, допрва треба да се види дали ќе може да се зачува палецот кој, исто така, му беше тешко повреден. 

Повеќе на Вест.мк

31.08.2014 - 11:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега