Нобеловецот Бавенди како студент паднал на првиот испит по Хемија

 

Нобеловецот Мунги Бавенди сведочи дека како студент на факултет паднал на првиот испит по Хемија и оти тоа искуство за малку ќе му ја „уништело“ натамошната научна дејност, како и него самиот.

Овој научник со туниско-француско потекло се истакнувал во науката уште во средното образование, без многу проблеми. Но, кога го примиле на Универзитетот Харвард во САД како додипломец во доцните 70-ти, добил, како што самиот вели – „грубо будење“, пишува „Сајенс алерт“ (Science Alert).

Проф. Бавенди (62) од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) во САД е еден од добитниците што ја поделија овогодишната Нобелова награда за хемија, покрај Луис Брус и Алексеј Екимов, за неговиот придонес во развојот на тн. квантни точки.

06.10.2023 - 23:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега