Ниту трага, ниту глас од момчето кое со автомобил влета во Вардар

Продолжува потрагата по возачот на автомобилот кој пред три дена со автомобилот излета во реката Вардар.

Во потрагата се вклучени и кучиња трагачи, но засега 22-годишното момче не е пронајдено.

Во моментов на терен се раководителот и вработените во РЦУК Тетово кои од лице место информираат дека во 9 часот пристигнале на терен едно специјализирано лице од МВР, 6 лица од специјалната антитерористичка единица „Тигри“, екипа од ДЗС 8 лица, 4 нуркачи од Тетово, 4 нуркачи од Кочани, 6 пожарникари и 10 луѓе од ЕЛС Желино, информираа од Центарот за управување со кризи.

Момчето од Куманово со возилото излета од патот Тетово-Скопје и падна во Вардар. Автомобилот веднаш по несреќата бил изваден од реката, а по младото момче уште се трага.

29.09.2022 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега