Нема мерки за големиот бизнис, ниту се разговарало за барањата на синдикатите

 

Со дневен ред од пет точки, меѓу кои ги немаше барањата на Синдикатите од изминатиот период, мина денешната седница на Економско-социјалниот совет која на крајот беше прекината, без конкретни мерки како што беше најавувано, изјави претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, вечерва „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Шест месеци немаше седница на Економско-социјалниот совет, во време на најголема финансиска криза во државата, во време на најголема инфлација. Нема методологија на плати која беше помпезно најавувана и сè уште се најавува, нема за фискални импликации, нема за потпишување на нови колективни договори. Меѓу точките на дневниот ред немаше ниту едно од нашите барања од изминатиот период“, кажа Деаноски.

Наместо нивните барања да се разговара за конкретни работи, сепак, Синдикатите и работодавачите добија дневен ред по кој требаше да се расправа за усвојување на предлог записник од втората седница, за даночна реформа, за годишниот извештај за работата и функционирањето на Економско-социјалниот совет, за три ратификации и за барање за надминување на последиците предизвикани од високите сметки за електрична енергија во компаниите.

12.10.2022 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега