Научници откриваат: Какаото го намалува крвниот притисок и го штити срцето

 

Следниот пат кога ќе посакате нешто слатко – земете темно чоколадо.

Научниците открија дека флаванолите – антиоксиданси кои се наоѓаат во какаото – можат да го намалат вашиот крвен притисок и да помогнат во зајакнувањето на вашето срце. Утврдено е дека тие го прават тоа така што ги одржуваат ѕидовите на крвните садови еластични, што овозможува крвта полесно да тече низ телото.

За жал оние со слатко, млечното чоколадо сè уште не се добра идеја и подобро е да ги прескокнете, бидејќи имаат многу шеќер и обично содржат само 25 проценти какао, додека темното чоколадо може да има и до 90 проценти.

Студијата на Универзитетот во Сари, всушност, покажа дека луѓето кои земале додатоци на какао имале понизок крвен притисок и повеќе проширени крвни садови во рок од три часа. Апчињата имале флаваноли колку, да речеме, околу половина килограм темно чоколадо, кое обично се продава во пакување од 100 грама.

– Позитивното влијание на какао флаванолите врз нашиот кардиоваскуларен систем е непобитно – објаснува водечкиот истражувач, професорот Кристијан Хајс, кардиолог.

На пример, според Daily Mail, околу една третина од луѓето во Велика Британија имаат висок крвен притисок, што ги става на поголем ризик од срцев и мозочен удар. Лиснат зеленчук, кромид, јаболка, бобинки, цреши, соја, па дури и црвено вино се исто така богати со антиоксиданси здрави за срцето.

Во најновата студија, 11 здрави возрасни лица конзумирале капсула какао или плацебо на наизменични денови речиси две недели додека го извршувале својот секојдневен живот. Учесниците носеа монитор за крвен притисок на раката и клип за прст што мери колку им се вкочанети артериите.

На крајот од студијата, беше откриено дека нивниот крвен притисок бил понизок, а нивните артерии порелаксирани во деновите кога земале флаваноли – дури и до осум часа подоцна. Што е најважно, суплементите не го намалуваа крвниот притисок во деновите кога веќе беше низок.

Професорот Хајс истакнува дека ова откритие може да биде пресвртница кога станува збор за употребата на лекови за одржување на крвниот притисок.

– Лекарите често се плашат дека некои апчиња за крвен притисок можат премногу да го намалат притисокот во текот на денот. Она што го откривме укажува дека флаванолите на какаото го намалуваат крвниот притисок само ако е покачен – изјави професорот Хеис и најави дека сега планира да ги тестира апчињата меѓу пациентите кај кои е дијагностициран висок крвен притисок.

01.08.2022 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега