Наставник блудничел врз деца во училиште во Хрватска
По апсењето на 50-годишен наставник осомничен дека блудничел врз деца во Далмација, откриено е дека две деца поднеле пријава против него. Судијата на осомничениот наставник му одреди едномесечен притвор за да спречи влијание врз сведоците и повторување на дејствијата, пренесуваат медиумите во регионот.
Задарската архиепископија соопшти дека соработува со обвинителството и ги следи упатствата.
Родителите веднаш го пријавиле случајот во полиција откако девојчето им се пожалило дека наставникот незаконски се однесувал со неа.
„Задарската надбискупија, според информациите со кои располага, соработува со Жупаниското државно обвинителство во Задар и ги следи упатствата. Поради деликатноста на случајот обратете се до Обвинителството“, е одговорот за „24часа.хр“ од Задарската архиепископија.
Властите ја следеле телефонската комуникација на осомничениот наставник, кој најчесто испраќал компромитирачки пораки на постаро девојче. Наставникот по музика, инаку активен по воннаставни активности во Католичката црква бил суспендиран откако се дознало за случајот и бил отстранет од сите активности додека трае истрагата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа