Нападнат домот на градоначалник во Франција, повредена неговата сопруга
Обвинителството во Кретеј, општина блиска до Париз, покрена истрага за обид за убиство поради нападот на куќата на градоначалникот на Л’Е-ле-Роуз во департманот Вал-д-Марн, дознава BFMTV од судски извори.
Семејната куќа на градоначалникот, Вансен Жанбрин, била нападната во текот на ноќта, а неговата сопруга е хоспитализирана.
Таа ноќ, бунтовниците ја нападнале куќата на Жанбрин, каде што биле само неговата сопруга и децата, кои се обиделе да побегнат од бројните напаѓачи.
Според некои медиуми, демонстрантите го запалиле автомобилот со кој дошле во куќата, но и автомобилот на семејството.
Во своето соопштение за печатот, Жанбрин го осуди „обидот за убиство“ и го нарече нападот чин на кукавичлук.
Според француските власти, синоќа во Лион и Марсеј насилството било помалку интензивно од претходниот ден.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа