На местото на убиениот претседателски кандидат во Еквадор доаѓа неговата соработничка
Андреа Гонзалес, соработничка на убиениот кандидат за претседател на Еквадор, Фернандо Вилависенсио, ќе го замени на изборите на 20 август, соопшти нивната партија.
Гонзалес ќе биде кандидат на опозициската центристичка партија по атентатот на Вилависенсио во средата.
Вилависенсио, 59-годишен новинар кој се залагаше за борба против корупцијата во неговата земја, беше втор по рејтингот пред претседателските избори. Претседателскиот кандидат беше застрелан по излегување од предизборен состанок во главниот град Кито.
Оттогаш во поголемиот дел од Еквадор е воведена вонредна состојба, а шефот на државата Гилермо Ласо го обвини организираниот криминал за убиството.
Гонзалес, 36-годишна екологистка, беше долгогодишна соработничка на Вилависенсио.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа