На Дарко Лазиќ не му доаѓа памет, вози “бесна машина“ без возачка дозвола
На пејачот Дарко Лазиќ не му доаѓа памет. Тој повторно прави хаос на патиштата, иако му е одземена возачката дозвола поради големиот број казн, а му е изречена и забрана за возење до февруари 2024 година.
Според медиумите, тој неодамна од брзи автомобили преминал на големи спортски мотоцикли кои најчесто ги вози во друштво на пријатели.
Така вчера се возел со мотор во мото клуб, а потоа, без разлика што му била одземена возачката дозвола, направил хаос на блискиот пат.
-Дарко не може да се смири. Иако знае дека пресудата му стана правосилна и дека не смее да вози ништо до февруари следната година, сега си ја исполнува желбата да вози брзи спортски мотоцикли. Прво во мото клубот, а сега се пресели по блиските патишта. Човекот не сака да го почитува законот. Тоа само предизвикува проблеми. Вчера со другарите возеа ненормално брзо, се тркаа меѓу себе… Правеа хаос на патот, изјави за Пинк извор близок на пејачот, кој е загрижен за неговата безбедност.
Лазиќ не крие дека ужива во брзи мотори, па непосредно пред хаосот што го направи, со широка насмевка на лицето позираше со тројца пријатели за својот профил на Инстаграм.
Јавноста памети, но тој изгледа заборавил дека едвај му го спасија животот по ужасната сообраќајка која ја доживеа пред неколку години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа