Муцунски: Отворена линија за пријавување на штета од невремето
Службите на Општината во координација со ЈП ,,Паркови и зеленило” и утрово се целосно ангажирани за отстранување на штетите предизвикани од силното невреме кое го зафати Аеродром, на Фејсбук објави градоначалникот Тимчо Муцунски.
„ На терен сме заедно со граѓаните и ги ангажираме сите расположливи човечки ресурси и целата механизација со која располага Општината. Наскоро ќе бидат отстранети сите дрвја, гранки и објекти кои го попречуваат движењето на граѓаните и претставуваат опасност.
Од невремето, во текот на ноќта беа забележани и пријавени паднати здрави и зелени дрвја, а причинета е и материјална штета. Отворената линија за пријавување на штета од невремето е отворена и денеска од 8-16 часот, на телефонскиот број 2400970“ напиша Муцунски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа