Муцунски оствари средба Бартон: Фокус на инвестиции и иновации
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со оствари средба со Крис Бартон, Комесар за трговија на Обединетото Кралство.
За време на средбата беа разменети мислења и предлози за натамошно зајакнување на трговската соработка меѓу двете земји, како и за можностите за поголема интеграција на Република Северна Македонија во регионалните и глобалните трговски мрежи.
Министерот Муцунски го запозна соговорникот со економските приоритети на Владата на Република Северна Македонија и изрази задоволство од континуираниот раст на трговската размена со Обединетото Кралство. Укажа дека постојат цврсти основи за нејзино зголемување во иднина и го подвлече значењето на јакнењето на меѓусебната соработка на полето на инвестициите.
Комесарот Бартон го истакна интересот на Обединетото Кралство за поддршка на британските инвестиции во нашата земја и продолжување на развојот на економските односи преку подобрување на деловната клима.
Двајцата соговорници разговараа и за продлабочување и проширување на соработката согласно Договорот за партнерство, трговија и соработка помеѓу двете земји, како и за потенцијалните области на соработка, особено развојот нановите технологии, обновливите извори на енергија, инфраструктурата, размена на добри практики во полето на дигиталната и еколошката трансформација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа