Мртво бебе пронајдено во контејнер: мајката се породила неочекувано во автомобил во Мајорка

 

Новороденче беше пронајдено мртво во контејнер во градот Порто Кристо во Мајорка.

Како што објавува „Ултима Хора“ полицијата на Мајорка успеала да ги реконструира настаните што му претходеле на страшното откритие.

Имено, трудницата се пожалила на мачнина, а нејзината сестра и зет ја собрале во автомобил. Меѓутоа, 40-годишна жена неочекувано родила бебе во автомобилот. Потоа тие со автомобил се упатиле до контејнерот, каде зетот на родилката го фрлил бебето кое било родено во 28 недела и тешко само 300 грама.

Сомненијата се дека бебето во тоа време било живо.

Полицијата ги открила осомничените бидејќи мајката имала значително крварење за време на породувањето и била пренесена во блиската болница. Официјалните лица кратко време подоцна го пронашле бебето во канта за ѓубре.

Тројцата обвинети потоа се ослободени, а мајката на бебето е приведена. Тетката на починатото бебе е на слобода, но морала да го предаде пасошот и редовно да се јавува во полиција.

Резултатите од втората обдукција се очекуваат во петок. Сведокот рекол дека бебето не плачело кога го извадиле од контејнерот.

09.11.2023 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега