Младите Јапонци биле премногу трезни, па државата бара да пијат повеќе алкохол за да го забрзаат економскиот раст

 

Младите Јапонци се премногу трезни, велат од локалната даночна управа, која со нов тендер сака да ја прошири консумацијата на алкохол кај таа популација, пренесува BBC.

Младите возрасни Јапонци пијат помалку од нивните родители, а тоа има последици за средствата собрани од алкохолни пијалоци како што е саке.

Затоа, Националната даночна администрација започна конкурс за идеи како да се смени овој тренд.

Целта на кампањата „Sake Viva!“ е да го направи консумирањето алкохол попривлечно и со тоа да им помогне на производителите на пијалоци. Јапонците на возраст меѓу 20 и 39 години можат да ги регистрираат своите бизнис идеи за да ја зголемат побарувачката меѓу своите врсници, било да е тоа за саке, виски, пиво или вино, јавува Би-Би-Си.

Јапонските медиуми јавуваат дека реакциите се различни. Критичарите се противат на промовирањето на една нездрава навика, но многумина веќе ги ставија своите идеи на Интернет.

18.08.2022 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега