Мислела дека разговара со другар од средно, но останала без десетици илјади евра - голема измама на Балканот

 

56-годишна жена платила десетици илјади евра на лице за кое мислела дека е нејзин другар од средношколските денови, со кого комуницирала преку социјалната мрежа.

Откако таа личност ја прекинала комуникацијата, 56-годишната жена сфатила дека е измамена. Полициските службеници од Вуковар-Сремска го примиле нејзиниот извештај за финансиска измама во петокот.

„Имено, оваа година, 56-годишната жена по пат на социјални мрежи стапила во контакт со лицето мислејќи дека е колега од средно училиште. За време на нивната преписка, тој ја прашал за финансиска помош а таа му уплатила неколку илјади евра во неколку наврати од неколку месеци на разни банкарски сметки.

„После тоа, лицето ја прекинало комуникацијата, а 56-годишната жена сфатила дека била измамена “, велат од полицијата во Вуковар.

25.12.2023 - 18:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега