Мишел Обама доминира во кожа на црвениот тепих

 

Сопругата на поранешниот американски претседател Барак Обама имаше одлична ноќ кога неодамна присуствуваше на проекцијата на филмот „Американска симфонија“ во Луизијана забавувајќи се на црвениот тепих.

Педесет и деветгодишната поранешна прва дама го покажа својот моден вкус, облечена во модна комбинација на Серџо Хадсон, темна кожена јакна и кожен топ со ремен, кој ја истакнува половината, пишува магазинот „Хелоу“.

Мишел ја стави косата во висока опашка, на што Аријана Гранде би ѝ позавидела, додавајќи ги на изгледот и големите обетки, кои го комплетираа нејзиниот младешки изглед.

Особено внимание привлече шминката. Овој тип на шминка беше истакнат од брендот за шминка и нега на кожа Beauty Pie како еден од водечките трендови за убавина за 2024 година. „Еспресо-шминката е целата во длабоки, богати кафеави тонови, кои внесуваат заводлив гламур во нашиот изглед“, истакнуваат од оваа козметичка компанија и додаваат:

„Размислете, кафеави smokey eyes, со помека кафеава маскара и длабоко моливче за усни за канализирање на вашата внатрешна Емили Ратајковски. Клучот е да ја изберете вистинската нијанса на кафеава за вас за сето тоа да функционира“.

Мишел сигурно знае кои нијанси ѝ одговараат бидејќи поранешната прва дама носеше ултра сјаен кармин, супер дебели трепки и имаше блескава кожа на настанот.

Таа е мајка на две деца и секогаш изгледа свежо и здраво, а неодамна на јавноста ѝ откри дека од менопаузата повеќе се грижи за себе од порано.

„Никогаш не сум се измерила. „Не се обидувам да се држам до бројки, но кога сте во менопауза, имате бавно зголемување на телесната тежина што едноставно не го сфаќате“, изјави таа за магазинот „People“ во август.

Мишел откри и дека почнала со хормонска терапија и се смета себеси за благословена.

„Мислам дека мојата кожа сè уште изгледа здраво. Косата уште ми е на главата. Тоа се работите за кои треба да бидам благодарна“, рече тогаш таа.

15.12.2023 - 23:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега