Милановиќ: Тврдењата на Додик за хрватската историја се неприфатливи и невистинити
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ги отфрли како невистинити и неприфатливи тврдењата на претседателот на Република Српска, Милорад Додик дека само мал број Хрвати не се солидаризирале со злосторствата на усташкиот режим.
– Милорад Додик, освен повторената невистина за бројот на жртвите во Јасеновац, рече дека „има многу малку припадници на хрватскиот народ кои не се солидаризирале со злосторствата на усташкиот режим“, што апсолутно не е точно и е навреда за сите хрватски антифашисти и хрватскиот народ, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.
Српските политичари од Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора вчера одржаа комеморација за жртвите од концентрациониот логор Јасеновац во Долна Градина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа