Меркур и месечината носат проблеми: Овие четири датуми во февруари ќе бидат „опасни“

 

Денот кога Меркур е во конјукција со Плутон ќе биде многу стресен и динамичен ден во кој сè може да тргне наопаку.

Астролозите предвидоа дека во февруари ќе има четири „опасни“ денови кои можат да донесат проблеми и превирања за многумина.

Сепак, тие не мора нужно да бидат такви, многу зависи од тоа како се чувствувате за она што се случува.

11 февруари – Меркур во конјукција со Плутон

Спојот е најнехармоничен и најагресивен аспект на планетата. Во таа позиција, т.е. на истата страна на Земјата ќе бидат и Меркур и Плутон на 11 февруари, и ќе бидат многу блиску една до друга планетите. Како резултат на тоа, добиваме многу стресен и динамичен ден во кој сè може да тргне наопаку. Не се потпирајте на среќата, бидејќи таа може воопшто да ја нема. Ова е денот кога само чистата логика и разум треба да ги водат вашите постапки, и ништо друго.

16 февруари – Венера во врска со Марс и полна месечина

Друга конјукција, меѓу Марс и Венера, пристигнува на 16 февруари. Според некои астролози, ова може да биде уште поопасен ден од 11 февруари, бидејќи полната месечина ќе му донесе проблеми на Лавот. Енергетскиот конфликт меѓу Венера и Марс сугерира дека очекуваме остар пад на продуктивноста на работа и во љубовната сфера, како и брзо исчезнување на енергијата. Оваа среда астролозите ве советуваат да правите само едноставни работи и да не се занимавате со нови проекти.

24 и 25 февруари – месечина во Стрелец

Астролозите ја анализирале положбата на планетите и дошле до заклучок дека оваа позиција ќе ни донесе многу проблеми. Потрудете се да не купувате скапи работи, бидејќи Месечината може да ве наведе да трошите непотребно, за што подоцна можете да зажалите.

05.02.2022 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега