Мечот во Мостар прекинат, запален автомобилот на судиите
Натпреварот во првенството на Босна и Херцеговина помеѓу Вележ и Борац од Бања Лука не го доживеа својот крај. Домашните навивачи во 82. минута влетаа на теренот и го прекинаа натпреварот. Тие сакале да се пресметаат со судиите и гостинските фудбалери.
Натпреварот е прекинат при резултат 0:2.
Мечот во Мостар имал и свое трето полувреме. Кај Јабланица било нападнато возилото во кое се наоѓале судиите. Некои од нив биле повредени, а возилото запалено.
Макфакс
22.09.2021 - 11:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа