Maртија Станојковиќ: „Мајка ми не ми дозволува да летам во облаци, секогаш ме спушта на земја“
Мартија Станојковиќ важи за една од најпопуалрните млади пејачи во Македонија. По нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвезди“, успеа полека, но сигурно да се вплови во естрадните води.
Во интервју за „Бекстејџ“, Мартија се потсети како ги поминувала новогодишните празници како дете.
- Прво што ми текнува е жената која ме израсна, наничка. Секоја година, пред Нова година прва ми оставаше пакетче пред елката. Тоа ми беше најубав момент од моето детство затоа што повеќе не добивам подароци под елка. Тоа ми се враќа во меморијата и ме потсетува на овој период.
Мартија откри и што ја одбележало во 2021 година.
-Не сакам да сум досадна. Дефинитивно тоа е мајка ми. Секогаш ми беше поддршка во се што ќе направам, дали е добро, дали е лошо. Таа секогаш ми е најголема емотивна поддршка, вели младата пејачка.
Станојковиќ откри што си посакува на себе во 2022 година.
-Сите знаеме дека здравјето е најважно. Јас, пред 2,3 недели прележав корона. Ќе си посакам на себе и на гледачите здравје, тоа ни е најпотребно. Меѓудругото, посакувам и успех, среќа, љубов, дисциплина, изјави Станојковиќ.
Целото интервју погледнете го видеото подолу.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа